Спорт

„Уште еден срам за нас“: Бугарски „Стандарт“ за водството на Македонија во групата за СП

Весникот го става успехот на „црвено-жолтите“ во корелација со дебаклот на Бугарија против Шпанија и Грузија

Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ љубомори на фудбалската репрезентација на Македонија, па нејзината „петарда“ против Лихтенштајн и враќањето на врвот на табелата во квалификациската група за Светското првенство го оценува како – срам за Бугарија?!

„Уште еден срам за нас. Северна Македонија ја предводи својата група“, е насловот на „Стандард“, кој успехот на соседот го става во корелација со катастрофалниот почеток на мундијалските квалификации за бугарскиот национален тим со поразите од по 3:0 против Шпанија во Софија и од Грузија вчера во Тбилиси.

Наспроти Македонија, која е лидер во групата Ј со 11 бода, еден повеќе од фаворитите Белгија и Велс, Бугарија без бодови е на дното во групата Е, во која по две одиграни кола води Шпанија со 6, пред Грузија и Турција со по 3.

Во друга поврзана вест „Стандарт“ го цитира поранешниот голман на бугарската репрезентација Пламен Илиев дека „секој може да победи секого, но ние не можеме никого“, мислејќи на црната серија од десет меча без победа, вклучувајќи ги сите годинава.

„Илиев е во право и во првиот дел од својата изјава, бидејќи земји како Северна Македонија се лидери во својата квалификациска група…“, не може да се помири „Стандарт“.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top