Спорт

ВАР ќе дебитира во новата сезона во ПМФЛ, освен во Чаир

Системот за видео асистенција на судиите официјално ќе стартува со мечевите Шкендија – Шкупи и Вардар – Пелистер в петок

Видео асистенцијата на судиите (ВАР) првпат ќе биде применета и во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) веќе в петок, освен на стадионот во Чаир, кадешто сè уште нема услови за имплементација на системот, соопшти Фудбалската федерација на Македонија на денешната промоција на новитетот во македонскиот фудбал.

„ВАР-системот во Македонија конечно стана реалност. Горд сум на тимот во Федерацијата кој 24/7 работеше на овој проект. Ја набавивме целосната потребна технологија, имаме три модерни соби и контролна просторија. За овие три месеци направивме огромна работа. На многу поголеми федерации од нашата им беше потребен многу подолг период за да го спроведат ВАР-системот. Затоа ФИФА и УЕФА ни оддадоа признание, не им се веруваше дека за толку кратко време ќе успееме да го реализираме овој голем проект“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Три ВАР соби, сервер и контролна просторија се веќе направени по стандардите на ФИФА, а ФФМ обезбеди и репортажно возило што ќе може да се користи за ТВ-пренос на натпреварите.

Новата сезона во ПМФЛ ќе стартува в петок со двете дерби пресметки Шкендија – Шкупи од 17 часот и Вардар – Пелистер од 20 ч.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top