Спорт

Вардар го урна бундеслигашот Мелсунген во Европската лига!

„Црвено-црните“ славеа со 37:33, иако во првото полувреме во четири наврати имаа по шест гола негатива

Голема победа на ракометарите на Вардар во главната фаза од Европската лига на ЕХФ, кадешто му зедоа мерка на бундеслигашот Мелсунген, совладувајќи го со 37:33 во арената „Јане Сандански“, и тоа враќајќи се од 9:15 во 22. минута, а претходно во уште три наврати имаа по четири гола негатива!

Вториот триумф во четирите дуели со ривалите во групата ги задржа „црвено-црните“ на второто место со 4 бода, колку што има и Бенфика, која славеше во Кристијанстад со 38:34, а Мелсунген е прв со 6 бода.

Јака Малус постигна 10 гола од 13 обиди за двократниот европски шампион, Вукашин Воркапиќ, кој дојде пред само четири дена, застана на 9/11, а на голот Милош Валах запиша 14 успешни интервенции со 37,84 отсто успешност.

Во следното коло на 3 март составот на Иван Чупиќ ќе ја пречека Бенфика.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top