Спорт

Вардар му се реваншира на Кристијанстад во Европската лига

Двократниот европски шампион славеше со 35:30 и се врати на врвот на табелата во групата Ф

Ракометарите на Вардар го совладаа Кристијанстад со 35:30 во својата арена „Јане Сандански“ и со тоа му вратија на шведскиот тим за минималниот пораз пред една седмица на негов терен.

Со шест бода од досегашните четири одиграни натпревари, македонскиот вицепрвак се врати на врвот на табелата во групата Ф со 6 бода, еден повеќе од вечерашниот ривал, уште повеќе доближувајќи се до следната фаза по групи, во која одат двете најуспешни екипи од групата.

Двократниот европски шампион го скрши отпорот на противникот во последната четвртина од мечот, откако во 42. минута гостите израмнија на 21:21.

Дмитро Хориха со девет гола од 13 удари беше прво име во победничкиот тим, за кој Јака Малус стигна до ефект 8/9, Мишел Тузолана до 5/6, Харуки Кавада до 4/4 итн.

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

Најнови вести

To top