Спорт

Вардар ѝ врати на Бенфика и „пука“ на четвртфинале во Европската лига

„Црвено-црните“ славеа со 33:27 и обезбедија плејоф, а директно меѓу осумте најдобри води и реми кај Мелсунген

Со голот на Јака Малус девет секунди до крајот, ракометарите на Вардар стигнаа до потребната победа од 33:27 над Бенфика го запоседнаа врвот на табелата во групата 3 и во реваншот со Мелсунген на 10 март од 20:45 часот во Касел ќе им биде доволно и реми за директно четвртфинале во Европската лига.

Триумфот од шест гола разлика го анулира поразот од 40:35 во Лисабон и на двократниот европски шампион му обезбеди место во разигрувањето, а изненадувачката победа на Кристијанстад над Мелсунген од 31:30 ја подотвори вратата што води меѓу осумте најдобри екипи во второто клупско наатпреварување на ЕХФ по ранг.

По израмнетото прво полувреме, кое „црвено-црните“ го добија со минимални 15:14, клучна за конечниот исход се покажа серијата на вардарци од четири гола за максимално водство од 27:20 во 48. минута.

Десното крило Вукашин Воркапиќ погоди од сите осум обиди кон противничкиот гол, но бекот Малус беше прво име на средбата со 9/10.

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top