Спорт

Вардарецот Мато стрелец за Уганда на Купот на африканските нации (ВИДЕО)

Напаѓачот на „црвено-црните“ и миленик на „комитите“ го постигна почесниот гол во поразот од Нигерија од 3:1

Вардар има стрелец на Купот на африканските нации во името на својот фудбалер Роџерс Мато, кој го постигна почесниот гол за Уганда во поразот од 3:1 против Нигерија во третото и последно коло од групната фаза, по кое неговата репрезентација остана на еден бод и не се пласира во нокаут-фазата.

Напаѓачот на најтрофејниот македонски клуб, кој го дели првото место на листата на стрелците на полусезона од Првата македонска фудбалска лига со 12 погодоци, го ублажи неуспехот на Уганда во 75. минута, кога го постави конечниот резултат.

По својот единствен гол на шампионатот 22-годишниот миленик на „комитите“ го очекуваат подготовките за пролетниот дел од македонското првенство, кое продолжува на 7 февруари, кога Вардар ќе го пречека Арсими.

 

Најнови вести од: Спорт

To top