Свет

Алис Вајдел, АФД: ЕУ и нејзината диктатура мора да бидат распуштени, Урсула Лаен не може да ја одредува судбината на Европа!

Алис Вајдел, претседателката на десничарската партија Алтернатива за Германија, им се обрати на граѓаните на Германија во видео-порака, во која го најави можното „излегување на Германија од Европската Унија“, ако оваа десничарска партија застане на кормилото на германската држава. Според анкетите спроведени од неколку истражувачки агенции од почетокот на јануари оваа година, германската партија AfD (Алтернатива за Германија) води со неколку процентни поени и е на врвот на германските партии, кои уживаат најголема доверба кај Германците.

Во видео клип објавен на општествената платформа икс (поранешен твитер), Вајдел вели дека „Европската Унија мора да се распушти заедно со нејзината диктатура“, а „ЕУ-бирократите да се избркаат на овој начин“. Вајдел не сака Урсула фон дер Лајен, како што вели, „за која никој не гласал, туку ѝ била наметната на ЕУ“, „да одлучува за што било и да ја одредува судбината на европскиот континент и Германија“.

„Сите нации во Европа треба да бидат слободни, да тргуваат и да живеат слободно!“, вели Вајдел.

Според агенцијата ИНСА (INSA) АФД има поддршка од 26% од гласачите, додека според агенцијата ГМС (GMS), овој процент достигнува 27%. Двете анкети ја покажуваат водечката позиција на оваа партија во Германија.

Следните избори во Германија треба да се одржат во следните два месеци, односно пред 29 март 2026 година, а можната победа би донела не само многубројни промени во германската внатрешна и надвотешна политика, туку и вистински „геополитички земјотрес“ за ЕУ и Европа.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top