Свет

Америка експресно го носи Мадуро пред американскиот суд

За заговор за нарко-тероризам, за увоз на кокаин, поседување митралези и деструктивни направи

Американските власти експресно го обвинија претседателот на Венецуела Мадуро пред американскиот суд.

Државната обвинителка на САД Памела Бонд објави дека Мадуро и неговата сопруга се обвинети за повеќе кривични дела.

 

 

Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, се обвинети во Јужниот округ на Њујорк. Николас Мадуро е обвинет за заговор за нарко-тероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување митралези и деструктивни направи против Соединетите Американски Држави.

,,Тие наскоро ќе се соочат со целиот гнев на американската правда на американска почва во американските судови. Во име на целото Министерство за правда на САД, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Трамп за храброста да побара одговорност во име на американскиот народ и огромна благодарност до нашата храбра војска која ја спроведе неверојатната и многу успешна мисија за фаќање на овие двајца наводни меѓународни трговци со наркотици”, објави Бонди.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

To top