Свет

Американците се враќаат на Месечината

НАСА ги објави имињата 10 нови кандидати за астронаути, избрани од 8.000, кои ќе се приклучат на нејзините редови во клучен момент додека агенцијата се подготвува да се врати на Месечината како и за првата човечка мисија на Марс

 

Новата класа се состои од шест жени и четири мажи, а вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, ги нарече „најдобрите и најпаметните во Америка“ пренесува CNN.

„Се враќаме на Месечината… И само ќе ви кажам ова, ќе бидам проклет ако Кинезите ја победат НАСА или ја победат Америка на Месечината“, рече Дафи. .

Десетте нови астронаути ќе ги поминат следните две години во интензивна обука. „Тие ќе ја научат историјата на НАСА и нашата визија за иднината, ќе посетуваат часови по геологија и преживување во вода и здравје во вселената“, рече Стивен Кернер, заменик-директор на вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА.

Норман Најт, директор на летачките операции на НАСА, рече дека многу од новите кандидати ќе имаат можност да ја посетат Меѓународната вселенска станица(МВС) , но нагласи дека станицата служи како лабораторија за учење за потешки мисии подлабоко во вселената.
„Секоја лекција научена на станицата го отвори патот за тоа каде одиме: до Месечината – овој пат за да останеме – и до Марс“, рече тој.

Иако поискусните астронаути веројатно ќе бидат избрани за првите мисии на Месечината, како што е мисијата „Артемис II“ планирана за следната година, НАСА се надева дека оваа млада група астронаути би можела да се квалификува за подоцнежните летови во програмата „Артемис“, а можеби дури и за патување до Марс, каде што ниту еден човек досега не патувал.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top