Свет

Американски авион влета во ураганот „Мелиса“ (ВИДЕО)

Ураганот се приближува кон Јамајка со ветрови што достигнуваат брзина од 282 километри на час, нешто што ни градбите не можат да го издржат

 

Метеоролозите предупредуваат дека ураганот од категорија 5 „Мелиса“  би можела да биде најмоќната бура што некогаш го погодила карипскиот остров, а жителите на Јамајка и Куба се подготвуваат за директен удар, објави Ројтерс.

Се очекува да помине над Јамајка, а потоа да продолжи кон источна Куба и Бахамите.

Вчера американски воен авион прелета низ окото на ураганот за да собере метеоролошки податоци.

Окото на ураганот е централниот дел од бурата и област на релативен мир и тишина во рамките на многу насилен систем. Окото е опкружено со таканаречениот ѕид на окото, кој го формира најопасниот дел од ураганот со најсилни ветрови.

Премиерот Ендру Холнес нареди задолжителни евакуации за делови од јужна Јамајка, вклучувајќи го и градот Порт Ројал, и упати повик за меѓународна помош.

Тој предупреди за огромни штети на обработливо земјиште, домови и критична инфраструктура.

„Во регионот нема инфраструктура што може да издржи бура од категорија 5“, рече Холнес. И покрај сериозните предупредувања, некои жители се двоумат да ги напуштат своите домови од страв од грабежи. Властите соопштија дека автобусите се во готовност за да пренесат околу 28.000 луѓе по наредба за евакуација.

Јамајка доживеала разорни урагани, како што е ураганот Гилберт од категорија 4 во 1988 година, а директниот удар од бура од категорија 5 би бил без преседан, рече Еван Томпсон од Метеоролошката служба на Јамајка.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

To top