Американското Министерство за финансии објави дека Доналд Трамп ќе стане првиот актуелен претседател на САД чиј потпис ќе биде ставен на американските банкноти, пишува Би-би-си.
Потписот на Трамп ќе се појави заедно со потписот на министерот за финансии Скот Бесант.
Тоа е потег без преседан со што ќе ја одбележи 250-годишнината од незвисноста на Америка.
„Нема помоќен начин да се препознаат историските достигнувања на нашата голема земја и претседателот Доналд Џеј Трамп отколку со банкноти од американски долари што го носат неговото име“, рече Бесент.
Американските банкноти традиционално носат потпис на претставници на Министерството за финансии.
Тоа е уште еден потег на администрацијата да го поврзе името на Трамп со голем број владини програми и јавни згради.
Првите банкноти од 100 долари (75 фунти), со потписи на Трамп и Бесент, ќе бидат отпечатени во јуни.
Банкнотите што моментално се печатат ги носат потписите на поранешната министерка за финансии на претседателот Џо Бајден, Џенет Јелен и министерката за финансии Лин Малерба.
Завршува традиција од 1861 година потписот на американскиот министер за финансии да се појавува на банкнотите.
Пред одбележувањето на 250-годишнината, Бесент рече дека печатењето банкноти со името на Трамп ќе биде „моќен начин да се препознаат историските достигнувања на нашата голема земја“ и на претседателот.