Свет

Андреа Бочели ќе пее на отворањето на Зимските олимписки игри во Италија

Настапот на Бочели, кој настапи и на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Торино 2006, ќе биде „еден од најспектакуларните моменти на настанот“

Италијанскиот тенор Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, објавија организаторите.

Настапот на Бочели, кој настапи и на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Торино 2006, ќе биде „еден од најспектакуларните моменти на настанот“, се вели во соопштението.

„Неговото присуство претставува природен мост помеѓу музиката и спортот, ова е можност да се раскажат Игрите преку италијанското музичко наследство, познато и ценето низ целиот свет“, се додава во соопштението.

Церемонијата на отворањето, која ќе се одржи на 6 февруари на стадионот Сан Сиро во Милано, ќе биде продуцирана од Balich Wonder Studio, а покрај меѓународните уметници, ќе има и елементи што ја слават италијанската култура и иновации, пренесе Бета.

Настапот на американската пејачка Мараја Кери ќе биде првиот голем музички настан на отворањето на игрите.

Италијанската пејачка и авторка Лаура Паузини, една од најпознатите италијански уметници на светската сцена, исто така ќе настапи во програмата.

Најнови вести од: Свет

Скапата нафта ќе ги приземји авионите!?

Европската аеродромска индустрија предупреди дека недостигот на гориво за авиони би можел да ја погоди европската економија во рок од три недели, нарушувајќи ги летните патувања и „значително“ предузвикувајќи штети на економијата

Турција бара 1.000 години казна затвор за Нетанјаху

Турција ги обвинува израелските власти за злосторства против човештвото, геноцид, лишување од слобода, суров третман на членови на хуманитарната флотила „Сумуд“, оштетување на имот, грабеж и запленување на возила

To top