Свет

Анкета: Мнозинството во ЕУ не верува дека би можеле да се одбранат од Русија!

Дури 69 отсто од 9.500 испитаници од девет членки на Унијата не мислат дека нивната војска може да се бори со руската

Повеќе од две третини од граѓаните на Европската унија веруваат дека нивната земја нема да може воено да се одбрани од руски напад, покажува најнова анкета објавена само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е „подготвена веднаш“ да се соочи со Европа.

Анкетата спроведена од агенцијата „Кластер 17“ за „Ле гранд континент“ опфатила 9.500 луѓе од девет земји-членки на ЕУ. Резултатите покажуваат дека 69 проценти од испитаниците не веруваат дека нивната земја е способна да ја заштити својата територија од можна руска агресија, пренесува Евроњуз.

Французите покажаа највисоко ниво на доверба во сопствената војска, при што 44 проценти од испитаниците веруваат дека нивната војска би можела да одговори на руски напад, но мнозинството (51 процент) остана скептично. Од друга страна, Белгија, Италија и Португалија забележаа најниско ниво на доверба, при што повеќе од 85 проценти од испитаниците не веруваат во одбранбените капацитети на своите земји.

Авторите на истражувањето истакнуваат дека географската локација значително влијае на перцепциите на граѓаните. Земјите што се физички подалеку од Русија имаат помала доверба во својата подготвеност, бидејќи веруваат дека е помала веројатноста да бидат вклучени во директен воен конфликт.

Анкетата е спроведена во Франција, Хрватска, Германија, Полска, Холандија, Шпанија, Португалија, Италија и Белгија во време кога ЕУ инвестира стотици милијарди евра во одбрана и спроведува масовно вооружување.

 

Најнови вести од: Свет

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top