Свет

Автобус слета во бездна – десетици загинати и повредени (ВИДЕО)

Најмалку 37 патници загинаа во Перу откако автобус падна во клисура длабока 200 метри по судар со друго возило.

 

Несреќата се случила во раните утрински часови во среда на „тешка“ делница од Панамериканскиот автопат, кој ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, објави Би-Би-Си.

Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа скршнало од патот и паднало до брегот на реката Окоња.

Автобуските несреќи се чести во Перу, особено ноќе и на планински патишта. Причините често се лоши услови на патиштата, прекумерна брзина и недостаток на сигнализација.

Двајцата возачи наводно ја преживеале несреќата, која се случила на 780-тиот километар од јужниот дел на Панамериканскиот автопат.

Фотографиите од местото на настанот го покажуваат автобусот целосно уништен на дното на стрмна клисура, со скршени прозорци, смачкани труп и покрив.

Најнови вести од: Свет

Втора сесија Стратешки дијалог САД-Македонија во Вашингтон

Со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко

To top