Свет

Бернам во првиот разговор со Трамп ја нагласи важноста на сојузништвото

Безбедноста на Обединетото Кралство и сојузниците е врвен приоритет

Американскиот претседател Доналд Трамп имал прв телефонски разговор со новиот британски премиер Енди Бернам, кој ја презеде функцијата денеска.

Според соопштението од Даунинг стрит, Бернам нагласил дека безбедноста на Обединетото Кралство и на неговите сојузници ќе биде негов врвен приоритет.

Во разговорот станало збор и за состојбата на Блискиот Исток, при што Бернам му рекол на Трамп дека Лондон ќе помогне во обезбедувањето на слободното поморско движење низ Ормускиот Теснец, со цел да се заштитат глобалните синџири на снабдување и да се намалат трошоците за компаниите и домаќинствата.

Брнхам, кој претходно беше градоначалник на Голем Манчестер, воедно го поканил американскиот претседател да го посети Манчестер.

Трамп во повеќе наврати ги критикуваше европските сојузници дека издвојуваат недоволно средства за одбраната, но по последниот самит на НАТО во Анкара ги поздрави напорите на европските земји и Канада за приближување кон целта од пет проценти од БДП за одбранбени трошоци.

Енди Бернам ја презеде премиерската функција откако Кир Стармер поднесе оставка поради засилените притисоци од редовите на неговата партија.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top