Свет

Бран протести низ САД по убиството на активистка од федерален полицаец

Планирани се над 1.000 собири со барање да се запре масовното распоредување на припадници на Бирото за имиграција и царина (ICE), наложено од претседателот Доналд Трамп

Организациите за заштита на граѓанските слободи и правата на имигрантите повикаа на масовни протести низ САД овој викенд, по инцидентот во кој активистка во Минесота беше застрелана од агент на федералната служба за имиграција.

Планирани се над 1.000 собири со барање да се запре масовното распоредување на припадници на Бирото за имиграција и царина (ICE), наложено од претседателот Доналд Трамп, особено во градовите предводени од Демократската партија.

Тензиите во Минеаполис кулминираа по убиството на 37-годишната Рене Гуд, мајка на три деца, која беше застрелана додека била во својот автомобил. Инцидентот се случи кратко по испраќањето на 2.000 федерални агенти во градот како дел од операцијата што Министерството за внатрешна безбедност ја нарече „најголема во историјата“.

Додека министерката Кристи Ноум тврди дека агентот пукал во самоодбрана бидејќи Гуд се обидела да го удри со возилото, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фрај, посочи на видеоснимка која ја демантира верзијата на федералните власти. ФБР и локалните власти во Минесота отворија одделни истраги за случајот.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, ја стави Националната гарда во состојба на готовност. Овој случај дополнително ги подгреа сеќавањата на убиството на Џорџ Флојд во 2020 година, кое се случи на само неколку улици од местото каде што беше убиена Гуд.

Објавената снимка од камерата на полицаецот Џонатан Рос покажува дека Гуд била мирна неколку секунди пред да тргне со возилото, по што Рос пукал во неа. Според властите, тој бил хоспитализиран со повреди, но од видеата не е јасно дали воопшто бил удрен од автомобилот.

Најнови вести од: Свет

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Досетлива“ српско-хрватска двојка продавала во Унгарија седативи за коњи како дрога!

Легален бизнис со коњи бил користен како прикритие за продажба на ветеринарен лек-седатив за коњи со кетамин на црниот пазар, но како дрога наменета за луѓе. По апсењето на мажот, во шемата се вклучила и неговата сопруга. Обвинителството во Будимпешта поднесе обвиненија и предложи затворска казна против оваа двојка, државјани на Србија и Хрватска. Според обвинението, 41-годишниот маж водел пансион за коњи и се натпреварувал со коњи. Покрај тоа, од 2019 година, тој редовно продавал ветеринарни лекови што го содржат седативнот кетамин во големи количини.

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. „Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

To top