Свет

Британската влада најнепријателска кон Русија во рангирањето на руски весник

Од првото до десеттото место во поредокот на „Взгљад“ ја нема Македонија, која исто така е на руската листа на непријателски земји

Велика Британија се најде на првото место во „рангирањето на непријателските влади“ кон Русија, составено и објавено од рускиот весник „Взгљад“, за да се покаже разликата помеѓу земјите што свесно ѝ се спротивставуваат на Москва“ и оние што се „принудени да го прават тоа против своја волја, поради надворешнополитичките околности“.

Британската влада доби 75 поени од можните 100 за санкциите против руските нафтени компании, но и поради активното залагање за префрлање на руски средства во Украина и за снабдување со оружје на Киев.

Германија и Франција го делат второто место со 70 поени за активното обезбедување финансиска помош на Украина. На третото место се Холандија и Естонија со 65 поени.

Соединетите Американски Држави го зазедоа само четвртото место со 55 поени, а рускиот весник тврди дека на оваа позиција влијаела одлуката на САД привремено да ја суспендира воената помош за Украина.

Најголемиот број земји се на петтото место, и тоа Данска, Италија, Канада, Литванија, Полска, Финска и Шведска со по 50 поени.

Следуваат Норвешка и Белгија на шестата позиција со по 45 поени, а седмото место го делат Шпанија и Грција со по 40. Подолу се Португалија и Словенија (осмо место со 35 бода), а Унгарија и Луксембург се под нив со 30.

Топ 10 го заокружуваат Австрија, Бугарија, Ирска, Малта, Нов Зеланд и Романија со по 25 поени.

„Взгљад“ потсетува дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нагласил дека Русија постепено се оддалечува од употребата на терминот „непријателска земја“ и го нагласува терминот „непријателска влада“, за да се разјасни дека државата како целина не е идентификувана како непријателска.

Слична изјава даде и рускиот претседател Владимир Путин: „Немаме непријателски земји, имаме непријателски елити“.

На листата на непријателски земји Русија на почетокот на војната со Украина ги вклучи САД, Канада, сите земји од ЕУ, Обединетото Кралство (вклучувајќи ги прекуокеанските територии и зависните територии од Круната), Албанија, Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Македонија, Украина, Црна Гора, Швајцарија, како и Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур, Тајван (како дел од Кина), Јужна Кореја и Јапонија. Бахамите, Гернзи и Островот Ман подоцна беа додадени на листата.

Најнови вести од: Свет

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

Почина Чак Норис на 86 години, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи

Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

To top