Свет

Бугарски и грчки европратеници „зајдоа“ со дискусии против Македонија

Грчка европарламентарка, како на митинг, рече дека таа е „вистинска горда Македонка“, дека нашите тврдења се искривување на историјата, дека Алексис Ципрас потпишал национална капитулација за јазикот и историјата и дека јазикот ни е бугарски дијалект

Очекувани беа жестоките реакции на бугарски и грчки европарламентарци на извештајот на Томас Вајц за прогресот во Македонија кон Европската особено по дискусиите на европапраментарец кој го оцени Извештајот како  „сеопфатен и балансиран“ кој ја разбира фрустрацијата на луѓето овде по се што помина Македонија. Тој побара од Европскиотт (земјите членки) да воспостават јасен пат за членство за земјава без дополнителни условувања , односно дека „македонскиот јазик и македонскиот идентитет постојат и Европскиот парламент ги почитува“.

Друг европарламентарец исто така појасни дека ЕП не е во „бизнисот“ на утврдување национални јазици и идентитети, практично толкувајќи зошто се бара со амандман да се извадат „македонскиот јазик и идентитет“ од текстот утре на гласањето.

„Расправата за извештајот на Томас Вајц за прогресот во Македонија кон Европската унија допре ново политичко дно“ оценува дописничката на „Независен“ која пренесува дел од „дискусиите“ на бугарски и грчки пратеници:

„Бугарските европарламентарци од радикалните партии паднаа во транс, а еден од нив, Петар Волгин од Обнова (крајно десничарската Вараждање) рече дека Македонија не ги ни исполнува условите за преговори, дека омразата и криминалните напади врз граѓаните што се изјаснуваат како Бугари најчесто не се казнуваат и дека не му е јасно зошто „автократите“ од ЕУ сакаат да биде членка.

Грчка европарламентарка, како на митинг, рече дека таа е „вистинска горда Македонка“, дека нашите тврдења се искривување на историјата, дека Алексис Ципрас потпишал национална капитулација за јазикот и историјата и дека јазикот ни е бугарски дијалект. Според неа, ние имаме фабрикувана историја и идентитет заснован на неа, па порача дека не постои македонски идентитет и јазик, дека никогаш и не постоел и дека „Македонија е грчка“.

Ивајло Валчев од Има таков народ запраша во која земја се оди во затвор за цитирање историска фигура, а граѓани се казнуваат зошто се изјаснуваат како Бугари, повикувајќи ги властите кај нас да му свртат грб на „господарот во Белград“ .

„Мицкоски ве лаже “, извика тој, тврдејќи дека ставањето на Бугарите во „сите делови од Уставот“ не е е никаква закана за нашиот идентитет. Станислав Стојанов од Вараждање забележа дека за првпат ЕП сакал да признае јазик и идентитет, порачувајќи дека „народот во Северна Македонија зборува само еден јазик – бугарски, „бидејќи сме еден народ“.

Андреј Ковачев од ГЕРБ оцени дека „политичарите во Скопје систематски го саботираат процесот на преговорите со популизам и национализам, па ги повикаа македонските власти да не го трошат времето на граѓаните и да ги продолжат преговорите што поскоро. ..“ пренесе „Независен“

 

Најнови вести од: Свет

Војните се опиум за израелскиот народ

Пак, речиси сите Израелци се убедени дека нема пооправдана или поуспешна војна од оваа со Иран. Како и во сите израелски војни, поддржувачите на војната тврдат дека „немавме избор“ и прашуваат „што друго можевме да направиме“

Се стабилизираат цените на нафтата по ветувањето на Трамп за заштита на танкерите

Цената на WTI се приближи до 78 долари по барел, по масовните воздушни напади што САД и Израел ги изведоа врз Иран, членка на ОПЕК. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз цели на Блискиот Исток, вклучително и енергетска инфраструктура, што предизвика раст на цената на американската нафта од 6 проценти во понеделник и дополнителни 5 проценти во вторник.

Багеи: ЕУ и европските држави да не се лизгаат кон нацистички размислувања и да не бидат соучесници во воени злосторства!

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеи денес ја предупреди Европската Унија да не „се лизга“ во „историски, нацистички начини на размислување“ со поддршка на израелско-американските напади врз Иран. Во објава на мрежата X, тој го осуди ставот на Германија и ги предупреди европските држави „да не бидат соучесници во воени злосторства“.

To top