Свет

Црниот биланс на пожарите во ноќни клубови во светот: Од трагедијата во Кочани до пеколот во Кран-Монтана

Долга листа на катастрофални несреќи

Трагичниот пожар во барот во Кран-Монтана, во кој на новогодишната ноќ загинаа најмалку 40 лица, се вбројува во долгата листа на катастрофални несреќи во ноќни клубови низ светот.

Како најсмртоносен во историјата се смета пожарот во клубот „Коконат Гров“ (Cocoanut Grove) во Бостон, САД, на 28 ноември 1942 година, каде загинаа 492 лица, што доведе до драстично засилување на безбедносните стандарди, потсетува швајцарскиот весник Le Nouvelliste.

Од 1970 година до денес, регистрирани се најмалку 21 пожар во ноќни клубови со 40 или повеќе жртви:

16 март 2025, Македонија: Последната голема трагедија пред Кран-Монтана. Во пожар предизвикан од пиротехнички средства во преполниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, и стампедото кое следувало, загинаа 63 лица, главно млади луѓе.

30 октомври 2015, Романија: Пожар во клуб во центарот на Букурешт за време на хард-рок концерт со пиротехничко шоу; загинаа 64 лица.

27 јануари 2013, Бразил: 242 мртви и над 600 повредени во пожар во клуб преполн со студенти во Санта Марија. Трагедијата била предизвикана од факел наменет за надворешна употреба.

5 декември 2009, Русија: Огномет во клуб во Перм предизвика смрт на 155 лица.

1 јануари 2009, Тајланд: 66 лица кои славеле Нова година во Бангкок загинаа во пожар од огномет.

20 септември 2008, Кина: 44 загинати во Шенжен поради внатрешен огномет.

31 декември 2004, Аргентина: 194 мртви во Буенос Аирес на рок концерт со речиси 2000 млади луѓе.

20 февруари 2003, САД: 100 жртви во Род Ајленд поради пиротехнички средства.

1 декември 2002, Венецуела: 65 загинати во подрумски клуб во Каракас.

9 јули 2002, Индонезија: 42 мртви во караоке ресторан во Палембанг.

25 декември 2000, Кина: Пожар во трговски комплекс и клуб во Луојанг; 311 жртви за време на божиќна прослава.

30 октомври 1998, Шведска: 63 млади лица (12-19 години) загинаа во Гетеборг на Халовин забава.

18 март 1996, Филипини: 162 мртви во клубот „Озон“ во Манила.

23 ноември 1994, Кина: Пожар во клуб во Фуксин однесе 233 животи.

25 март 1990, САД: 87 мртви во клубот „Хепи Ленд“ во Бронкс, Њујорк.

14 јануари 1990, Шпанија: 43 жртви во Сарагоса.

17 декември 1983, Шпанија: 81 загинат во клубот „Алкала 20“ во Мадрид.

14 февруари 1981, Ирска: 48 мртви во клубот „Стардуст“ во Даблин.

31 декември 1979, Канада: 48 жртви во Квебек.

28 мај 1977, САД: 165 загинати во Саутгејт, Кентаки.

1 ноември 1970, Франција: Пожарот во „5-7“ во Сент Лоран ду Понт однесе 146 животи. (МИА)

Најнови вести од: Свет

Половина од Бугарите се против еврото, иако се воведе! Страв од крајна сиромаштија за мнозина и скок на цените, што веќе почна!

Според најновите социолошки анкети во Бугарија, кои ги пренесе шпанскиот весник „Ла Вангуардија“ завчера, околу 49% од бугарските граѓани не го поддржуваат и натаму еврото, иако веќе тоа го замени левот, а главните загрижености се поврзани со зголемувањето на цените и намалување на нивната куповна моќ.

Прскалки во шишиња шампањ најверојатен причинител за трагичниот пожар во Кран-Монтана

Претходно, швајцарскиот весник „Темп“ објави сведоштва од две Французинки кои биле во барот, кои укажаа дека можен причинител се декоративни свеќи закачени премногу блиску до дрвениот таван.

To top