Свет

Делегација на Армијата и Министерството за одбрана во посета на САД

Уште еден чекор во насока на зајакнување на одбранбените капацитети и интероперативноста меѓу Армијата на Република Македонија и вооружените сили на САД

Делегација, предводена од страна на командантот на Главниот штаб на Војската на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заедно со државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, од денес е во повеќедневна официјална посета на сојузната држава Вермонт во Соединетите Американски Држави, јави МИА

Посетата се одвива во склоп на Програмата за партнерство на САД и опфаќа низа состаноци со високи претставници од Националната гарда на Вермонт, воениот колеџ Норвич, како и со службени претставници на државата Вермонт.

Во текот на посетата, делегацијата ќе има средба и со гувернерот на Вермонт, Фил Скот.

Примарната цел на оваа посета, како што информираа од Главниот штаб на Војската, е подобрување на стратешката одбранбена соработка, размена на искуства и заедничко планирање на тренинзи и активности.

“Оваа активност претставува уште еден чекор во насока на зајакнување на одбранбените капацитети и интероперативноста меѓу Армијата на Република С.Македонија и вооружените сили на САД, во духот на сојузништвото во НАТО”, велат од ГШ на Армијата.

 

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top