Свет

Дрон погоди рафинерија на 1.400 километри во внатрешноста на Русија (ВИДЕО)

Објавените снимки се гледа украински дрон кој руските противвоздушни единици безуспешно се обидуваат да го соборат со полуавтоматско оружје

Украински дрон ја погоди рафинеријата Орск во регионот Оренбург, објавија украински извори преку социјалните мрежи

Рафинеријата се наоѓа на околу 1.400 километри воздушна линија од украинската граница.

Рафинеријата има капацитет за преработка од приближно 6,6 милиони тони нафта годишно. Фабриките произведуваат бензин, дизел гориво, авијациски керозин, мазут, битумен и мазива.

Анализата на фотографиите и видеата покажува дека нападот е извршен од беспилотни летала AN-196 „ljuti“.

Објавените снимки прикажуваат украински дрон кој руските противвоздушни единици безуспешно се обидуваат да го соборат со полуавтоматско оружје.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top