Свет

Трамп: „Русија ќе помогне. Русија сака Украина да успее“ (ВИДЕО)

Кога го прашаа Трамп дали Русија сака земјата што ја нападна да „успее“, Зеленски ги крена веѓите, ја навали главата и се насмеа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше снимен како реагира на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин „сака Украина да успее“.

Новинар го праша Трамп дали Русија, како дел од потенцијален мировен договор, може да се обврзе да помогне во обновата на Украина по војната.

„Дали разговаравте за тоа каква одговорност би имала Русија во обновата на Украина како дел од некаков договор“, праша новинарот, осврнувајќи се на неговиот разговор со Путин претходно истиот ден.

„Да. Тие ќе помогнат. Русија ќе помогне. Русија сака Украина да успее. Звучи малку чудно. Путин беше многу дарежлив во своите чувства за успехот на Украина, вклучително и обезбедување енергија, електрична енергија и други работи по многу ниски цени. Значи, многу добри работи произлегоа од тој разговор денес“, одговори Трамп.

Кога го прашаа дали Русија сака земјата што ја нападна да „успее“, Зеленски ги крена веѓите, ја навали главата и се насмеа.

Трамп рече дека разговарал со Путин „околу два и пол часа“, а една од точките на сопнување во разговорите беше нуклеарната централа Запорожје, најголемата таква централа во Европа. Русија ја презеде во 2022 година и моментално е надвор од употреба.

Путин сака да ја задржи контролата врз централата, додека Украина предложи трипартитна администрација во која ќе бидат вклучени Украина, Русија и САД. Завојуваните страни се обвинуваат меѓусебно за напад врз централата за време на војната.

„Путин всушност работи со Украина за да ја врати во функција. Тој беше многу фер во тој поглед. Тој сака да ја види повторно отворена и не испука ракети кон неа  (атомската централа), не испука ништо кон неа“, рече Трамп.

 

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top