Свет

ЕУ загрижена, европската безбедност под закана на одлуката на Трамп

Укинувањето на санкциите за руската влијае на европската безбедност

ЕУ преку претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта изразува загриженост за европската безбедност по одлуката на Трамп за руската нафта.

Според Кошта, едностраната одлука на САД да ги укине санкциите врз извозот на руска нафта е многу загрижувачка, бидејќи влијае на европската безбедност.

,,Зголемувањето на економскиот притисок врз Русија е одлучувачко за таа да прифати сериозни преговори за праведен и траен мир.

Ослабувањето на санкциите ги зголемува руските ресурси за водење на агресивна војна против Украина”, порача Кошта.

Одлуката на Трамп на Русија и дава стратешка предност и во однос на количините и на пазарите на кои ќе може да извезува нафта.

Иатовремено тоа ќе значи нов значаен приход за државата која е исцрпена по 4 години војна со Украина.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top