Свет

ЕУ застана зад Шпанија по заканите на Трамп за трговски војна

Европската Унија

Европската комисија соопшти во средата дека ќе ги заштити интересите на Европската унија по заканите на Белата куќа за прекин на трговските односи со Шпанија. Комисијата ја изрази својата поддршка за Мадрид откако американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Шпанија поради одбивањето да ѝ овозможи на американската армија користење на базите за операции во Иран и околината.

Во говор во Белата куќа, Трамп ја нарече шпанската влада „страшна“.

Ќе ја прекинеме целата трговија. Не сакаме да имаме ништо со Шпанија“, изјави тој, додека беше присутен германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој тогаш молчеше, но подоцна изјави дека сака да се избегне ескалација на тензиите.

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски односи со Шпанија

Заменик-портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, одговори дека „целосно сме солидарни со сите земји членки и нивните граѓани и преку нашата заедничка трговска политика сме подготвени да дејствуваме за заштита на интересите на ЕУ“.

Потпретседателот на Комисијата, Стефан Сежурне, додаде дека „секоја закана кон држава членка, во однос на трговската политика, е закана за целата Европска унија“.

И Франција се приклучи кон ставот на Брисел, при што претседателот Емануел Макрон разговараше со шпанскиот премиер Педро Санчез за да ја изрази „европската солидарност на Франција во однос на последните закани за економски притисок“.

Односите меѓу Трамп и Мадрид веќе беа затегнати поради отпорот на Шпанија кон барањата на американскиот претседател за зголемување на трошоците за одбрана во НАТО. Одговорот на Комисијата ја нагласува исклучивата надлежност на ЕУ во трговијата, област каде тензиите со Вашингтон се зголемија по враќањето на Трамп на власт во 2025 година. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top