Свет

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

Европа мора да внимава да не падне од центарот на вниманието во меѓународните односи, предупреди директорот на Институтот за германска економија (IW), Михаел Хитер во контекст на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина.

  • „Европа не игра никаква улога тука. Во ред, тоа е билатерална средба, но едноставно е јасно дека мора да внимаваме да не паднеме од работ“, рече Хитер.

Според него, ова се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

  • „Не можеме само да чекаме додека во Белата куќа не добијат нова инспирација“, рече тој, укажувајќи на непредвидливоста на Трамп и додавајќи дека Европа мора да постави јасна трговска политика со Кина.

Директорот на влијателниот институт рече дека европско-американските трговски односи се неурамнотежени по прашањето на царините.

  • „Американските царини за увоз од Европа се 15 проценти, а царината против Кина, која беше 50 проценти, беше укината со пресудата на Врховниот суд на САД“, рече Хитер, пренесува ДПА.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top