Свет

Фон дер Лајен: Светот влегува во доба на трајни геополитички промени

Не треба да се залажуваме со надеж дека бурата ќе помине и дека светот ќе се врати во претходната состојба

Светот нема да се врати на претходната стабилност и влегува во ера на длабоки и трајни геополитички промени, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говор на Универзитетот Кејо во Токио, каде што ѝ беше доделен почесен докторат во рамки на 30. самит ЕУ–Јапонија.

– Не треба да се залажуваме со надеж дека бурата ќе помине и дека светот ќе се врати во претходната состојба, рече Фон дер Лајен, алудирајќи на големите геополитички потреси. Како примери ги посочи војната во Украина и надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, кои, како што рече, суштински ги променија традиционалните сојузништва и глобалниот поредок.

Таа упати предупредување до светските политички и економски елити дека повеќе не можат да сметаат на старите парадигми на стабилност и предвидливост, и подвлече дека Европската Унија мора да ја зајакне својата стратешка отпорност во свет што сè побрзо се менува.

Најнови вести од: Свет

Краделе милиони од странски донации за Украина

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) објави дека поднело обвинение против поранешен висок функционер во Министерството за надворешни работи за проневера на 37 милиони гривни (околу 1,28 милиони долари) од странски донации наменети за поддршка на Украина

Најнови вести

To top