Свет

(Фото): „Животното што пукаше ќе плати висока цена“ – Трамп проговори за пукањето во близина на Белата Куќа

Двајца припадници на Националната гарда се застрелани во Вашингтон, само неколку блока оддалечени од Белата куќа, соопшти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем. Пукањето се случило во областа во близина на метро станицата Фаргат, недалеку од Белата куќа. Засега не е познато во каква здравствена состојба се ранетите војници, објавува Гардијан.

Американскиот претседател Доналд Трамп проговори за пукањето во Вашингтон, во близина на Белата куќа, каде што беа нападнати припадници на Националната гарда. Трамп објави на социјалната мрежа TruthSocial, очигледно пред да се открие дека двајца припадници на Националната гарда подлегнале на повредите.

  • „Животното што пукаше кон двајца припадници на Националната гарда, двајцата сериозно повредени и сега се во две различни болници, е исто така сериозно повредено, но без оглед на тоа, тој ќе плати многу висока цена. Нека Бог ја благослови нашата голема Национална гарда и сите припадници на војската и органите за спроведување на законот. Тие се навистина прекрасни луѓе. Јас, како претседател на Соединетите Американски Држави и сите поврзани со кабинетот, стојам со вас!“, напиша Трамп.

Пукањето се случило во центарот на Вашингтон, недалеку од Белата куќа, според извор запознаен со првичните извештаи и службено лице за спроведување на законот, објави CNN.

Пред да бидат застрелани, двајца припадници на Националната гарда размениле оган со осомничениот, соопштија два извори за спроведување на законот. Изворите велат дека осомничениот бил уапсен и однесен од местото на настанот на носилка.

Метрополитенската полиција на Вашингтон на X соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека еден осомничен е во притвор, советувајќи ги жителите да ја избегнуваат областа.

Најнови вести од: Свет

Трамп најави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови

Украина им помага на САД и на Блискиот Исток против Иран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека три групи украински специјалисти заминале за да ја зајакнат противвоздушната одбрана на САД и нивните сојузници на Блискиот Исток, тврди Институтот за проучување на војната (ISW)

To top