Свет

Франција ќе троши по 64 милијарди евра годишно за одбрана

Двојно повеќе од 32-те милијарди евра што земјата ги издвои за одбрана кога тој стана претседател во 2017 година

Францускиот претседател Емануел Макрон ги изложи плановите за зголемување на трошоците за одбрана во Франција, предупредувајќи дека Европа се соочува со „поголема закана“ од кога било досега од крајот на Втората светска војна, пренесе Еуроњуз.

Тој вчера најави дополнителни 6,5 милијарди евра воени трошоци во текот на следните две години.

Со тоа, Франција планира да троши 64 милијарди евра годишно за одбрана до 2027 година.

Таа сума е двојно поголема од 32-те милијарди евра што земјата ги издвои за одбрана кога тој стана претседател во 2017 година.

„Од 1945 година, слободата никогаш не била толку загрозена и толку сериозно“, рече Макрон во традиционалниот претседателски говор пред армијата пред националниот празник Денот на Бастилја.

„Никогаш порано мирот на нашиот континент не зависел толку многу од одлуките што ги донесуваме денес“, рече Макрон.

„Сега ние, Европејците, мора да ја гарантираме сопствената безбедност“, предупреди Макрон.

Тој додаде дека во свет без правила, „преовладува законот на посилниот“.

Од војната во Украина до Блискиот Исток, Европа се соочува со невидени закани и дека мирот зависи од одлуките донесени сега, рече Макрон.

„Уште еднаш сме во годините кога се создава историја“, рече претседателот.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top