Свет

ФТ: САД би можеле да испратат меѓу 20 и 50 ракети „Томахавк“ во Украина

Вашингтон веројатно ќе задржи дел од капацитетот за други можни операции, вклучително и потенцијални напади врз цели во Венецуела

САД би можеле да ја снабдат Украина со меѓу 20 и 50 крстосувачки ракети „Томахавк“, пишува Фајненшл тајмс, додавајќи дека овој број веројатно нема значително да го промени текот на војната.

Стејси Петиџон, директорка на одбранбените програми во Американскиот центар за нова безбедност, изјави дека иако ракетите со долг дострел би можеле да ги надополнат беспилотните летала и домашните крстосувачки ракети на Украина, нивната употреба би била ограничена.

„Секако не би било доволно за извршување трајни и длабоки напади на територијата на Русија“, рече таа.

Според воените експерти, Вашингтон веројатно ќе задржи дел од капацитетот за други можни операции, вклучително и потенцијални напади врз цели во Венецуела.

Иако конечна одлука сè уште не е донесена, украинските власти тврдат дека американскиот претседател Доналд Трамп сега е поблиску до испорака на ракетите „Томахавк“ од кога било досега.

Трамп вчера изјави дека би можел да испрати ракети во Украина ако рускиот претседател Владимир Путин отфрли политичко решение.

„Можам да кажам „ако оваа војна не се реши, ќе им испратиме Томахавк“, рече американскиот претседател.

Трамп претходно овој месец изјави дека „донекаде“ веќе одлучил за испораката на ракетите, но дека е важно за него да знае како Украина конкретно ќе го користи оружјето.

Американскот потпретседател, Џеј Ди Венс, потврди дека Вашингтон ја разгледува можноста за испорака на ракетите Томахавк, но истакна дека претседателот Трамп го има последниот збор.

Според „Аксиос“, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги побарал ракетите Томахавк за време на состанокот со Трамп во септември на маргините на Генералното собрание на ОН.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин предупреди на 10 октомври дека евентуалната испорака на ракетите Томахавк до Киев ќе предизвика одговор од Москва во форма на засилување на системот за воздушна одбрана.

„Томахавк“ е крстосувачка ракета со дострел до 2.500 километри, која се лансира од воени бродови и подморници и се користи за прецизни напади врз копнени цели длабоко на непријателска територија.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top