Свет

Германија ќе ѝ испорача два нови ракетни система „Патриот“ на Украина

Германија првично ќе ја поддржи Украина со лансери, а потоа и со дополнителни компоненти на системот ‘Патриот’

Германија соопшти дека ќе ѝ испорача два ракетни система за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина по договорот со САД дека Берлин ќе биде првиот што ќе ја добие најновата верзија на тој систем за возврат.

Благодарение на вклучувањето на САД, „Германија првично ќе ја поддржи Украина со лансери, а потоа и со дополнителни компоненти на системот ‘Патриот’“, изјави германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.

Бундесверот набргу ќе ѝ лансери „Патриот“ на Украина, а ќе испорача дополнителни компоненти во следните два-три месеци.

За возврат Германија ќе ја добие најновата верзија на системот „Патриот“ од САД по забрзана постапка.

Ова лето Русија ги засили воздушните напади врз Украина, на која сега итно ѝ се потребни системи за противвоздушна одбрана. Системите „Патриот“ се покажаа ефикасни во соборувањето на руските балистички ракети.

Германија досега ѝ испорача три системи „Патриот“ на Украина. Берлин тврди дека испраќањето дополнителни системи нема да влијае на нивниот придонес кон западниот одбранбен сојуз – НАТО.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред една недела изјави дека Украина работи на обезбедување на испораката на десет противвоздушни системи „Патриот“ и дека е важно системите веднаш да пристигнат со ракетите.

Најнови вести од: Свет

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

To top