Свет

Германија повеќе не е најпосакуваната дестинација за мигрантите

Локомотивата на ЕУ падна на третото место во Европа според барањата за азил, зад Франција и Шпанија

Новите барања за азил во Европската унија, Норвешка и Швајцарија значително се намалија во првата половина од оваа година, при што Германија го изгуби долгогодишното прво место како главна дестинација за мигрантите, објави ДПА, повикувајќи се на официјални бројки објавени денеска.

Агенцијата за азил на ЕУ, со седиште во Малта, соопшти дека помеѓу јануари и јуни се поднесени 399.000 нови барања за азил, што е пад од 114.000 или 23 проценти во споредба со истиот период минатата година. Вкупниот број ги вклучува барањата поднесени во сите земји-членки на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија.

Франција води со 78.000 барања, по што следуваат Шпанија со 77.000, Германија со 70.000 и Италија со 64.000.

Агенцијата за азил на ЕУ го припишува падот во голема мера на падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во декември, што го намали бројот на Сиријци кои бараат азил. Наместо тоа, Венецуелците станаа најголемата група што аплицира за азил, со 49.000 барања, по нив следуваат Авганистанците со 42.000, а Сиријците сега се трети со 25.000. Речиси сите Венецуелци аплицирале во Шпанија, каде што заедничкиот јазик ја олеснува интеграцијата.

Апликациите се намалија во повеќето главни земји-приматели, освен во Франција, при што Германија бележи најголем пад од 43 отсто, по што следуваат Италија со 25 отсто и Шпанија со 13 отсто.

 

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top