Свет

Германија: Прво договор за две држави, па признавање на Палестина

Договорено решение за две држави е патот што може да им овозможи на Израелците и Палестинците да живеат во мир, безбедност и достоинство

 

 

Германија ќе ја признае палестинската држава „на крајот од процесот“ кој значи постигање на договорено решение за две држави, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вчера, откако неколку западни земји ја признаа „Палестина“, јавуваат медиуми.

Во разговор со новинарите во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, Вадефул ја потврди позицијата на Берлин откако Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Португалија ја признаа палестинската држава на 21 септември.

„За Германија, признавањето на палестинска држава доаѓа на крајот од процесот. Но, овој процес мора да започне сега“, рече Вадефул.

„Договорено решение за две држави е патот што може да им овозможи на Израелците и Палестинците да живеат во мир, безбедност и достоинство“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top