Свет

Гутереш: „Помошта во Газа убива“: Израел: ОН „се на линијата на Хамас“

Потрагата по храна никогаш не смее да биде смртна пресуда“, вели генералиот секретр на ОН Антонио Гутереш.   .Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го осуди начинот на дистрибуција на хуманитарна помош што ја воспостави Израел во Газа, опишувајќи ја како „милитаризиран“ систем што „убива луѓе“, Според податоците на ОН, најмалку 410 Палестинци се убиени […]

Потрагата по храна никогаш не смее да биде смртна пресуда“, вели генералиот секретр на ОН Антонио Гутереш.

 

.Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го осуди начинот на дистрибуција на хуманитарна помош што ја воспостави Израел во Газа, опишувајќи ја како „милитаризиран“ систем што „убива луѓе“,

Според податоците на ОН, најмалку 410 Палестинци се убиени во близина на центрите за дистрибуција на храна на таканаречената „Хуманитарна фондација за Газа“ (GHF) од крајот на мај. Се тврди дека во речиси сите случаи, израелските војници пукале врз невооружени луѓе што се собрале пред центрите пред да се отворат.

Гутереш им рече на новинарите дека хуманитарните напори предводени од ОН во Газа се „задушени“ и дека самите хуманитарни работници гладуваат. Тој исто така рече дека од Израел се бара да го олесни доставувањето на помош на и низ палестинската територија.

„Луѓето кои се обидувајќи се да се прехранат себеси и своите семејства едноставно се убиваат.
Потрагата по храна никогаш не смее да биде смртна пресуда“, вели Гутереш.
. „Време е да се најде политичка храброст за прекин на огнот во Газа“, изјави Гутереш како што пренесе Дојче веле

„Обвинувањето на сметка на Израел за неуспесите на ОН и за постапките на Хамас е намерна тактика“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа X.

„На овој начин, ОН влегиуваат в сојуз со „Хамас“, кој исто така се обидува да ги саботира хуманитарните операции на GHF“, се вели во соопштението. Во него се тврди дека израелската армија „никогаш намерно не гаѓа цивили“.

Како одговор на прашањата за претходните инциденти, израелската војска честопати тврдеше дека војниците пукале предупредувачки истрели над главите на луѓето…(што чекале редво редови за храна) .

Во меѓувреме, канцеларијата на израелскиот воен обвинител истражува дали можеби се извршени воени злосторства во врска со пукањето врз Палестинците во близина на центрите за помош.

Според напис во Хаарец, истражната единица на Генералштабот ќе испита дали израелските војници назначени да ги чуваат контроверзните места за дистрибуција на помош на фондацијата го прекршиле меѓународното хуманитарно право, забележува ДПА.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

Најнови вести

To top