Свет

Хаос и драма на летот од Лондон до Тирана, кој траел 12, наместо 3 часа – патниците сакале да се пресметаат со пилотот!

Летот на компанијата Рајанер од Лондон за Тирана, кој требало да трае околу три часа, се претворил во речиси дванаесетчасовна драма одбележана со силно невреме, две принудни пренасочувања, недостиг на храна и пијалаци, како и судири меѓу патниците и екипажот и интервенција на грчката полиција.

Летот RK8288 полетал од лондонскиот аеродром Станстед на 3 јуни за албанската престолнина, но лошото време го принудило пилотот да го промени планот на летање. Патниците некое време по полетувањето биле известени дека нема да слетаат во Тирана, туку во Бриндизи во Италија. По слетувањето во Италија, авионот останал на пистата речиси три часа, а патниците тврдат кое за тоа време добиле малку информации за тоа што се случува. Екипажот потоа најавил продолжување на летот за Тирана, но само десет минути пред планираното слетување било објавено дека авионот повторно се пренасочува, овој пат за Солун во Грција, поради грмежи над Албанија, пишува The Sun.

Меѓу патниците владеело големо незадоволство. – Тогаш сите ги изгубија нервите и почнаа нереди – изјави еден патник за британските медиуми. Група мажи се собра пред кокпитот и почна да го вика пилотот. – Тој е кукавица. Пилотот мора да излезе и да се соочи со нас како маж – викаа незадоволните патници. По слетувањето во Солун, 12 патници побарале да им се дозволи да излезат. – Нема шанси тука да нè задржите – рекле тие.

Според зборовите на патниците, на крајот билс повикана грчката полиција, која му препорачала на екипажот да им дозволи на патниците да излезат. Проблемите продолжиле и по полетувањето. Еден патник, за кого сведоците изјавиле дека бил целосно пијан, ги игнорирал упатствата на екипажот и почнал да оди низ кабината. Стуардесата, според зборовите на очевидците, морала физички да го врати на неговото седиште. – Буквално го зграпчи, го крена како дете и го врати на седиштето. Беше неверојатно – рече еден патник.

Дополнителната фрустрација ја засилил недостигот на храна и пијалаци. Патниците велат дека по неколку часа веќе не им било дозволено да купуваат освежување, па морале меѓусебно да ги делат грицките што ги јаделе. – Не ни дадоа ништо бесплатно, а некое време не можевме ниту да купиме храна или пијалак. Луѓето беа жедни и гладни. Бевме во авионот четири часа, можеби и подолго – рече еден патник. Екипажот подоцна повторно ја отворил продажбата на храна и пијалаци, но залихите брзо се потрошиле, па останале само неколку кесички чипс, велат патниците.

Авионот конечно слетал во Тирана околу 5 часот наутро по локално време. – Здраво, Албанија – рекол пилотот по слетувањето. Патниците неговата порака ја поздравиле со аплауз, среќни што напорното патување конечно завршило. – Бевме целосно исцрпени – рече еден патник. Еден патник се обидел да побара отштета од Рајанер за речиси дванаесетчасовното патување, но неговото барање било автоматски одбиено. Спорот потоа бил пренесен до AviationADR, тело кое ги решава споровите меѓу патниците и авиокомпаниите.

Рајанер негира одговорност за доцнењето и наведува дека двете пренасочувања се резултат на вонредни околности кои се надвор од контрола на компанијата. – Овој лет од Лондон Станстед за Тирана на 3 јуни беше пренасочен во Бриндизи поради неповолни временски услови на аеродромот во Тирана, а потоа во Солун поради грмежи. По 45 минути, екипажот повторно ја отвори продажбата на храна и пијалаци, а патниците во текот на целиот настан добиваа известувања преку е-пошта, СМС и мобилни известувања – соопшти Рајанер.

Најнови вести од: Свет

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

To top