Свет

И Турција има своја „Челична купола“

Една година по официјалното објавување, Турција го реализираше својот интегриран систем за воздушна одбрана „Челична купола“. Со испораката на првите компоненти, земјата забрзано ги развива капацитетите на својата воена индустрија, ставајќи акцент на домашно производство.

ss from youtube.com/@vsbdefense

Една година по официјалното објавување, Турција го реализираше својот интегриран систем за воздушна одбрана „Челична купола“. Со испораката на првите компоненти, земјата забрзано ги развива капацитетите на својата воена индустрија, ставајќи акцент на домашно производство.

Системот „Челична купола“ е целосно составен од турски технологии, вклучувајќи радари, ракети, сензори и комуникациски системи. Првата фаза од проектот опфаќа:

  • 1 батерија противвоздушни ракети со долг дострел „Сипер“;

  • 3 батерии за воздушна одбрана со среден дострел „Хисар“;

  • Радарски водени противвоздушни топови „Коркут“;

  • Радиоелектронски системи за војување „Пугу“ и „Редет“;

  • Радари за рано предупредување.

Овие 47 единици, со вкупна вредност од 460 милиони долари, значително ќе ја зајакнат воздушната одбрана на Турција. Експертите истакнуваат дека системот ќе ги замени застарените американски комплекси „Хок“, додека контроверзниот руски С-400, чие купување доведе до исклучување на Анкара од програмата Ф-35, никогаш не бил ставен во оперативна употреба.

Военото производство во подем: 29% раст

Турција е рангирана на 11-то место во светот по извоз на воена опрема и оружје. На церемонијата во Анкара беше објавено дека водечкиот производител „Аселсан“ се подготвува за значително проширување. Според извршниот директор Ахмет Акјол, новоотворените 14 објекти го зголемуваат производствениот капацитет на компанијата за 40% и создаваат околу 4.000 нови работни места.

Покрај тоа, поставен е темелот за технолошката база „Огулбеј“, која ќе ги удвои капацитетите на „Аселсан“. Оваа инвестиција од 1,5 милијарди долари, најголема во историјата на Турција, ќе создаде најголем погон за производство на интегрирани системи за воздушна одбрана во Европа, истакна претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Економски раст и амбициозни цели за извоз

Турската економија се очекува да достигне 1,4 трилиони долари до крајот на годината, што е шестпати повеќе од БДП во 2002 година. Во одбранбениот сектор, извозот во 2024 година надмина 7 милијарди долари, а само во јули достигна 909,6 милиони долари – раст од 128,9% во споредба со истиот месец лани. Ердоган изрази оптимизам дека извозот на воената индустрија на Турција ќе достигне 20 милијарди долари во наредните неколку години.

Најнови вести од: Свет

Макрон размислува за санкции против дигиталниот сектор на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика своите министри да размислат за можни одмазднички мерки против дигиталниот сектор на САД, како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни царини поради регулативите и даноците за технологија, според висок функционер во француската влада.

ФБИ го третира нападот во католичкото училиште во САД како домашен тероризам

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека го истражува вчерашниот смртоносен напад во католичкото училиште „Благовештение“ во Минеаполис, Минесота, како можен акт на домашен тероризам.

Терористички напад во католичко училиште во САД

Американското Министерство за правда соопшти дека тројца луѓе загинале, а 20 се повредени во вооружен напад што се случи денеска во католичко училиште во јужниот дел на Минеаполис. Меѓу жртвите е и напаѓачот, потврдија властите.

Три кинески технолошки компании стојат зад глобалните хакерски напади во Европа

Бизнисите и организациите во Велика Британија кои работат во критични сектори добија предупредување да се заштитат од кинески хакери, откако три кинески технолошки компании беа обвинети за учество во глобални кибернапади.

To top