Македонија

„Само за ТЕБЕ Чаир“ е мотото на Меџити за локалните избори

Меџити истакнал дека ова мото не е само изборен слоган, туку искрена посветеност којашто ја претставува неговата визија и работа во иднина

Со мотото „Само за ТЕБЕ Чаир”, кандидатот за градоначалник за Општина Чаир на коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити ќе ја бара довербата на граѓаните на локалните избори закажани на 19 октомври.

Како што посочуваат од неговиот тим, Меџити истакнал дека ова мото не е само изборен слоган, туку искрена посветеност којашто ја претставува неговата визија и работа во иднина како градоначалник на оваа општина.

По состанокот со Форумот на жени на ВРЕДИ, тој потсетил дека Чаир секогаш има дадено многу за општествените, политичките, образовните и културните вредности на Албанците во земјава и пошироко.

Како што се наведува во соопштението, инспирацијата за мотото на кампањата произлегувала од песната „Само за тебе” на рок-бендот „Telex“ која потекнува од Општина Чаир.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top