Свет

Путин, Ким и Вучиќ ќе одат на воената парада во Пекинг

Според кинеското Министерство за надворешни работи, меѓу 26-те странски државни лидери нема да има претставници од западните земји.

asia.nikkei.com/

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе му се придружи на рускиот претседател Владимир Путин на големата воена парада во Пекинг на 3 септември, со што ќе го направи своето прво појавување на меѓународен мултилатерален настан. Парадата, организирана по повод Денот на победата, ќе одбележи 80 години од капитулацијата на Јапонија и завршетокот на Втората светска војна.

Според кинеското Министерство за надворешни работи, меѓу 26-те странски државни лидери нема да има претставници од западните земји, а од Европската Унија единствено ќе присуствува словачкиот премиер Роберт Фицо. Потврдено е учеството на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, белорускиот лидер Александар Лукашенко, српскиот претседател Александар Вучиќ, спикерот на јужнокорејскиот парламент Ву Вон-Шик, како и на новоизбраниот претседател на Индонезија, Прабово Субијанто.

Ова е првпат по 1959 година севернокорејски лидер да присуствува на кинеска воена парада. На парадата во 2015 година, Северна Кореја беше претставена од висок функционер, а Ким последен пат го посети Пекинг во 2019 година.

Кина се очекува да ги презентира своите најнови воени технологии, вклучувајќи борбени авиони, тенкови и системи за борба против дронови. Ова ќе биде првпат новата структура на кинеската армија да биде целосно прикажана на ваков настан. На историскиот плоштад Тјенанмен се предвидува да маршираат десетици илјади војници, офицери и воени ветерани.

Парадата, која ќе трае 70 минути и ќе биде надгледувана од претседателот Си Џинпинг, ќе биде под будното око на меѓународни аналитичари и западните сили.

Овој настан доаѓа само една недела пред потенцијалната посета на Доналд Трамп на Азија, за која Белата куќа објави, но сè уште не е официјално потврдена.

Најнови вести од: Свет

Откако пред 11 години широкоградо примаа мигранти

Земјата треба да ја напуштат не само странските државјани кои се должни да заминат и странците осудени за кривични дела, туку и Сиријците, Авганистанците и Украинците, штом престанат да постојат причините поради кои им е доделена заштита

„Русија ќе престане да постои во сегашна форма“

Она што е потребно денес е мирен државен удар – не востание (веќе сме на работ на востание, што би било застрашувачки), туку мирен пренос на власта“, тврди Ивашов смета дека на Путин треба да му се понуди излезна стратегија која би му овозможила да избегне погубување пред стрелачки вод

Руте: НАТО ќе се брани од Русија и во вселената

„Секогаш ќе се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа вклучува и обезбедување на нашата безбедност кога станува збор за вселенскиот елемент“, рече генералниот секретар на Алијансата

To top