Свет

Терористички напад во католичко училиште во САД

Американското Министерство за правда соопшти дека тројца луѓе загинале, а 20 се повредени во вооружен напад што се случи денеска во католичко училиште во јужниот дел на Минеаполис. Меѓу жртвите е и напаѓачот, потврдија властите.

EPA/CRAIG LASSIG

Американското Министерство за правда соопшти дека тројца луѓе загинале, а 20 се повредени во вооружен напад што се случи денеска во католичко училиште во јужниот дел на Минеаполис. Меѓу жртвите е и напаѓачот, потврдија властите.

Инцидентот се случил во Благовештенското католичко училиште, приватна основна школа со околу 400 ученици, поврзана со истоимената црква. Нападот се одиграл само два дена по почетокот на новата учебна година, во густо населена област на најголемиот град во Минесота.

Полицијата од блиското предградие Ричфилд извести дека напаѓачот, облечен во црна облека и вооружен со пушка, го извршил нападот за време на утринската литургија на која присуствувале ученици. Локалните медиуми објавија снимки од родители во паника кои се обидувале да стигнат до своите деца, пробивајќи се низ полициските барикади околу училиштето.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека е известен за инцидентот и дека ФБИ испратила агенти на местото на настанот. Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, потврди дека нејзиниот тим е во постојана комуникација со локалните власти и ја следи ситуацијата.

Според официјалните извори, Минеаполис бил погоден од уште три вооружени инциденти во текот на вчерашниот ден, во кои загинале три лица, а седум биле повредени.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top