Свет

Иран: Блокадата на САД не се разликува од бомбардирање

Продолжувањето на примирјето од страна на Трамп е тактика за купување време за изненадувачки удар, изјави синоќа советник на главниот преговарач на Иран

 

 

Продолжувањето на примирјето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е „тактика за купување време“ за изненадувачки удар, изјави Махди Мохамади, советник на претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамад Багер Галибаф.

Мохамади во објава на X рече дека континуираната блокада на иранските пристаништа од страна на САД „не се разликува од бомбардирањето и мора да се соочи со воен одговор“.

Трамп вчера го објави продолжувањето на примирјето со Иран за да му даде на Техеран повеќе време за преговори, а воедно да ја задржи блокадата на иранските пристаништа.

Тој истакна дека дејствува на барање на Пакистан да ги одложи нападите додека иранските лидери и претставници не презентираат она што тој го нарече унифициран предлог за прекин на конфликтот.

Трамп го продолжи примирјето со Иран

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ им помагаат на руските дронови да ја погодуваат Украина

Многу од руските напади успеваат затоа што сè уште се во сила ограничувањата на брзината на работа на терминалите „Старлинк“ долж линијата на фронтот и на привремено окупираните територии

To top