Свет

Иран се заканува: Земјите од Заливот се легитимни цели ако им дозволат на САД да ја користат нивната територија

Последната „размена на оган“ предизвика цените на нафтата да „скокнат“ за повеќе од 4% денеска

Министерството за надворешни работи на Иран ги предупреди земјите од Заливот дека тие се „легитимни цели“ на „одбранбени“ напади доколку продолжат да им дозволуваат на САД да ја користат нивната територија за непријателски дејствија против Иран, објави АФП.

„Американската терористичка армија, користејќи ја територијата и капацитетите на земјите лоцирани на јужните брегови на Персискиот Залив за подготовка на воена агресија против Иран, ефикасно ги претвори овие земји во арена за нелегална и криминална војна против иранскиот народ“, се вели во соопштението на министерството.

Техеран, исто така, ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека двете земји биле блиску до постигнување договор пред да избувнат новите непријателства.

„Министерството за надворешни работи нагласува дека она што го кажа американскиот претседател за исходот од разговорите во Мускат е чиста лага и искривување на фактите: разговорите во Мускат главно беа насочени кон договори за управување со Ормутскиот теснец и сè уште беа во тек, а притисокот на САД врз Оман спречи да се постигне каков било резултат“, заклучи.

Последната „размена на оган“ предизвика цените на нафтата да „сокнат“ за повеќе од 4% денеска, објави Ројтерс.

Снабдувањето со енергија преку Ормутскиот теснец останува под закана поради обновените воени напади меѓу САД и Иран.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top