Свет

Иронија: Заробени во злато 300 рудари во Јужна Африка

Јужноафриканската рударска компанија „Сибање-Стилвотер“ денеска соопшти дека е во тек спасувачка операција за спасување на 289 рудари заробени под земја во нејзиниот рудник за злато Клоф во близина на Јоханесбург. „Можеме да потврдиме дека имавме инцидент во шахтата Клуф 7 и во моментов спроведуваме процедури за обезбедување на областа и испитување на шахтата, по што […]

Јужноафриканската рударска компанија „Сибање-Стилвотер“ денеска соопшти дека е во тек спасувачка операција за спасување на 289 рудари заробени под земја во нејзиниот рудник за злато Клоф во близина на Јоханесбург.

„Можеме да потврдиме дека имавме инцидент во шахтата Клуф 7 и во моментов спроведуваме процедури за обезбедување на областа и испитување на шахтата, по што ќе ги изнесеме вработените на површина“, изјави портпаролот на компанијата.

Портпаролот рече дека сите вработени се присутни и безбедни, и дека компанијата е во процес на доставување храна до нив.

„Очекуваме ситуацијата да биде решена до денес напладне“, рече портпаролот.

Националниот синдикат на рудари (NUM) претходно соопшти дека добил извештај за инцидентот, за кој рече дека се случил околу 22 часот вчера.

Најнови вести од: Свет

Скапата нафта ќе ги приземји авионите!?

Европската аеродромска индустрија предупреди дека недостигот на гориво за авиони би можел да ја погоди европската економија во рок од три недели, нарушувајќи ги летните патувања и „значително“ предузвикувајќи штети на економијата

Турција бара 1.000 години казна затвор за Нетанјаху

Турција ги обвинува израелските власти за злосторства против човештвото, геноцид, лишување од слобода, суров третман на членови на хуманитарната флотила „Сумуд“, оштетување на имот, грабеж и запленување на возила

To top