Свет

Ирскиот претседател бара ОН воено да интервенира во Газа

Генералното собрание на ОН треба да воспостави „сила што воедно ќе гарантира пристап до хуманитарна помош“ дури и ако Советот за безбедност стави вето на иницијативата

За време на интервјуто за ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ, претседателот на Ирска, Мајкл Д. Хигинс. објасни дека повелбата на ОН му дозволува на генералниот секретар да испраќа вооружени сили дури и ако Советот за безбедност стави вето на иницијативата, пренесе Јерусалем пост.

„Ако одреден дел од комитетот на Генералното собрание ја поддржат, дури и ако Советот за безбедност го искористи ветото за да ја блокира, генералниот секретар може да повика на составување сила што ќе гарантира пристап до хуманитарна помош“, рече тој.

„Главната работа е, мислам, повторно потврдување на важноста на Генералното собрание“, додаде тој.

Хигинс предупреди дека тројца членови на (израелскиот) кабинет кои се отворено заинтересирани за нелегалност, но не се загрижени за меѓународното право.

Тој предупреди и на она што сега се предлага (од страна на некои членови на владата на Израел -н.з) , односно прекинување на врската помеѓу Западниот Брег и Газа.

„Царството на неодговорност е најопасната закана за демократијата,“ вели ирскиот претседател.

Хигинс, пишува „Јерусалем пост“, е добро познат антиционист и еден од првите западни лидери што ја призна палестинската држава по нападите од 7 октомври, заедно со Шпанија и Норвешка во мај 2024 година.

„Признавањето е чин со моќна политичка и симболична вредност“, рече ирскиот премиер Сајмон Харис на специјална прес-конференција во Даблин во мај 2024 година.

„Тоа е израз на нашиот став дека Палестина треба да ги има и треба да може да ги оправда сите права на државата, вклучувајќи самоопределување, самоуправа, територијален интегритет и безбедност, како и признавање на обврските на Палестина според меѓународното право“, нагласи тогаш ирскиот премиер.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

To top