Свет

„Војна“ во Берн: 536 приведени, 20 повредени во пропалестинските протести

Штета од повеќе милиони евра по судирот меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град на Швајцарија

На пропалестинските демонстрации во швајцарскиот главен град Берн денеска се повредени 20 лица, меѓу кои 18 полицајци, приведени се 536 лица, а предизвикана е штета вредна милиони евра, соопшти локалната полиција.

Повеќе од 5.000 луѓе учествуваа во она што полицијата го нарекува непријавен протест, од кои многумина беа облечени во црно и носеа маски, и се судрија со полицијата.

„Демонстрациите предизвикаа значителна материјална штета“, соопшти полицијата во Берн, додавајќи дека 536 лица биле приведени и идентификувани пред да бидат ослободени.

Полицијата соопшти дека на протестот биле нападнати со градежна механизација, парчиња мебел, камења, шишиња и огномет, се вели во соопштението.

Полицијата одговорила со водени топови, солзавец и гумени куршуми, при што биле повредени 18 лица, меѓу кои две жени, а уште четири лица биле хоспитализирани.

Во соопштението се додава дека низ целиот град биле кршени прозорци и мрежи на банкомати, биле насликани графити и била направена друга штета на фасадите на зградите, а полициските автомобили биле вандализирани.

Полицијата соопшти дека против еден од уапсените има издадено налог, а другите се обвинети за разни прекршоци, вклучувајќи оштетување на имот, нелегално влегување на туѓ имот, напад и тепачка, палење и насилство или закани против органите на редот.

Најнови вести од: Свет

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top