Свет

Италијанската премиерка обвинета за соучество во геноцидот во Газа!?

Мелони, кој одржува блиски врски со администрацијата на Доналд Трамп, инсистира дека Италија ќе признае палестинска држава само ако израелските заложници бидат ослободени и Хамас биде отстранет од власт

Италијанската премиерка вчера изјави дека таа и двајца од нејзините министри биле пријавени во Меѓународниот кривичен суд (МКС) за наводно соучество во геноцид во врска со израелската офанзива во Газа, објави Ројтерс.

Во интервју за државниот радиодифузер РАИ, Мелони ги спомена министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани.

И Роберто Чинголани, раководител на италијанскиот одбранбен конзорциум „Леонардо“, исто така бил пријавен.

Мелони се соочува со растечки домашен притисок да заземе построг став кон Израел откако израелските командоси приведоа повеќе од 20 италијански активисти од пропалестинската флотила „Сумуд“ што предизвика масовни протести во Италија.

Мелони, кој одржува блиски врски со администрацијата на Доналд Трамп, инсистира дека Италија ќе признае палестинска држава само ако израелските заложници бидат ослободени и Хамас биде отстранет од власт.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

To top