Свет

Израел никогаш целосно нема да ги повлече своите трупи од Појасот Газа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вели дека тоа ќе остане така дури и ако мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп премине во втората фаза и Хамас се разоружа

 

ИЗРАЕЛ никогаш целосно нема да ги повлече сите свои трупи од Појасот Газа, изјави денес

„Израел никогаш целосно нема да се повлече од Газа. Ќе има значителна безбедносна зона во рамките на појасот“, рече министерот за оббрана Израел Кац.

Тој додаде дека ова ќе остане така дури и ако мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп премине во втората фаза и Хамас се разоружа.

Безбедносната зона би се протегала во Газа, а израелски населби би можеле да се создадат во северниот дел од крајбрежниот појас за да се заштити безбедносната зона.

Кац, член на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, уште еднаш им противречеше на елементите од мировниот план на Трамп, кој предвидува постепено повлекување на сите израелски трупи од Појасот Газа.

 

Најнови вести од: Свет

Премиерот на Канада до Трамп за преименувањето на езерото Онтарио во „Америка“: Своето име го носи 400 години пред да настанат САД!

Канадскиот премиер Марк Карни се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“.

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

Во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал и Тибет животот го загубија најмалку 547 лица. Повеќе од 1.400 лица сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи стотици странски државјани, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на непалските и кинеските власти.

To top