Свет

Израел предупредува: Ризик од нови напади по масакрот во Сиднеј

Израелскиот Национален совет за безбедност – НСЦ синоќа издаде ново предупредување барајќи од Израелците во странство да бидат повнимателни по нападот за време на прославите на Ханука во Сиднеј, во кој загинаа најмалку 16 лица, јави Си-Ен-Ен

Израелскиот Национален совет за безбедност (НСЦ) синоќа издаде ново предупредување за Израелците во странство, повикувајќи ги да бидат екстра внимателни по терористичкиот напад за време на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, каде загинаа најмалку 15 лица, а десетици беа повредени.

Во соопштението, НСЦ наведува дека „двајца терористи отвориле оган врз семејствата што пристигнуваат на прославата на Ханука што ја организира еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија“.

Советот предупреди на ризик од понатамошно насилство: „Претходните искуства покажуваат дека се можни инциденти во кои поддржувачите на тероризмот би можеле да бидат инспирирани од овој напад“.

Затоа, НСЦ ги повика Израелците строго да ги следат безбедносните мерки, да избегнуваат големи необезбедени јавни собири како настани во синагоги или забави за Ханука, и да бидат будни околу еврејски и израелски локации, пријавувајќи сомнителни активности на локалните власти.

Нападот, кој австралиските власти го класификуваа како терористички и антисемитски, се случи за време на прославата „Chanukah by the Sea“, организирана од Чабад. Двајца напаѓачи, татко и син, отворија оган врз толпата, пред еден да биде убиен, а другиот тешко повреден.

Предупредувањето доаѓа во услови на зголемена глобална загриженост за безбедноста на еврејските заедници, со многу земји како САД, Велика Британија и Германија да зајакнат мерките околу прославите на Ханука.

Најнови вести од: Свет

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top