Свет

Израелски доселеници претепаа новинари на Ен-Би-Си Њуз (ВИДЕО)

Четири маккирани лица ја истепаа Палестинката Абдула и членовите на новинарската екипа со палки

 

|
Израелски доселеници нападнаа Палестинка и четиричлена екипа на NBC News во окупираниот Западен Брег . Нападот, кој се случи денес додека екипата снимаше репортажа, повреди неколку лица, објави NBC News.

Нападот се случи во палестинскиот град Џалуд, додека екипата на NBC ја интервјуираше локалната жителка Аида Ахмед Абдула и нејзиното семејство. Абдула рече дека израелските доселеници претходно ги избркале од нивниот дом и дека новинарите се спуштале по рид кон нејзината куќа во времето на нападот.

Видео од инцидентот покажува сив автомобил со израелски регистарски таблички како се качува наназад кон ридот кон нив. Маскиран маж со палка се потпира низ задниот прозорец. Кога возилото застана, најмалку четворица маскирани мажи излегоа. Тие почнаа да ги удираат Абдула и членовите на новинарската екипа со палки и да фрлаат камења кон нив.

„Излагоа, нè претепаа и веднаш се вратија во автомобилот“, рече новинарот на NBC News, Мет Бредли кој се здобил со повреди на раката.

Повредени се и другите тројца членови на екипата на NBC News, снимател, продуцент и возач. Тие исто така добиле медицинска помош.

51-годишната Абдула останал да лежи на земја по нападот. Брза помош ја однела во болница.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ги осуди „кривичните дела на насилство во селата Кусра и Џалуд од страна на неколкумина бунтовници кои не го почитуваат законот“.

Тој додаде дека овие бунтовници им прават голема неправда на доселениците што ги почитуваат законите, попречувајќи ја армијата во извршувањето на своите задачи и нарушувајќи го меѓународниот углед на Израел.

Насилството од страна на израелските доселеници во последно време е во пораст на Западниот Брег. Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања, 76 Палестинци биле убиени од израелските сили или доселеници помеѓу 1 јануари и 24 јули. Тројца Израелци биле убиени во истиот период.

Западниот Брег, кој Израел го окупираше во војната во 1967 година, е дом на околу три милиони Палестинци и 500.000 израелски доселеници.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на ОВК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства, а холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер спреј и водени топови за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Германската политичарка нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

Најнови вести

To top