Свет

Израелски војници и генерали му вртат грб на Нетанјаху поради војната во Газа

Одбиваат да бидат регрутирани затоа што се противат на систематското уништување на палестинската заедница

 

Млади луѓе кои се законски обврзани да служат најмалку две години во израелската армија сè повеќе одбиваат да бидат регрутирани затоа што се противат на систематското уништување на палестинската заедница.

Рон Фајнер, капетан во израелската 933-та бригада Нахал, отсекогаш сонувал да стане пешадиски офицер во Израелските одбранбени сили (ИДФ), исто како и неговиот татко. Улогата на офицер во Израел носи елитен статус и често е чекор кон успешна кариера во бизнисот или политиката.

Но, сега тој одлучил поинаку. Тој повеќе не сака да одговара на повиците до резервните сили и не е подготвен да биде испратен во Газа. Причината е војната, во која загинаа повеќе од 59.000 Палестинци, според Министерството за здравство управувано од Хамас.

„Кога бомбардирањето на Газа повторно започна, ми стана јасно дека нашата влада сака да го продолжи овој конфликт што е можно подолго, тие не сакаат да го завршат“, рече Фајнер. „Тогаш знаев дека повеќе не можам да учествувам во оваа војна“, изјави тој за британски Телеграф.

Израел го осуди на 25 дена затвор затоа што одби да се јави на должност. Фајнер, сепак, отслужи само една ноќ бидејќи затворот беше евакуиран откако Иран испали балистички ракети кон Израел во јуни.

Тој е дел од растечкиот бран млади резервисти во Израел кои не сакаат да одат во војната во Газа.

Повеќето едноставно не одговараат на повиците за мобилизација, не ги проверуваат своите е-пошти или се извинуваат со здравствени или семејни проблеми.

Фајнер верува дека сликите од гладни деца во Газа дополнително ќе го намалат нивниот одѕив.

Притисокот врз Израел расте поради катастрофалните хуманитарни услови во Појасот Газа. Агенциите за помош предупредуваат на глад и неухранетост, додека Франција во четврток објави дека ќе ја признае Палестина како држава.

Мислењето на Фајнер дека војната е бесмислена го делат многу активни и пензионирани високи офицери.

Генералот Асаф Орион, поранешен шеф на стратешкото планирање на ИДФ,  за Телеграф вели:
„Иако кампањите против Иран и Хезболах имаа јасни цели, повеќе нема воена причина да се продолжат операциите во Газа“.

„Се сомневам дека целите на војната во Газа се киднапирани од скриени политички мотиви. Главната причина за продолжување на војната е политичката добивка“, рече Орион.

Еран Ецион, поранешен заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Израел, е поостар:

„Одамна им е јасно на повеќето Израелци дека војната во Газа се продолжува поради политичките, личните и судските интереси на Нетанјаху. Нему му е потребна војната за да ја одржи и зајакне својата моќ. Тоа нема никаква врска со Хамас, туку има сè врска со Нетанјаху“.

Многумина веруваат дека Нетанјаху се плаши дека неговата влада ќе се распадне штом ќе заврши војната, бидејќи ќе биде напуштена од ултранационалистичките партии. Според протечените информации од израелскиот кабинет за безбедност, не се само пензионираните генерали скептични.

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИЗДФ), генерал Ејал Замир, наводно рекол дека продолжувањето на кампањата нема да донесе големи резултати и ќе ги загрози животите на дваесетте преостанати заложници. Иако Хамас е сведен на мали герилски групи, тој сè уште се бори во урнатините, а израелската армија продолжува да трпи загуби.

Нетанјаху инсистира на целосно уништување на Хамас, тврдејќи дека ова е најдобриот начин да се постигне договор за ослободување на заложниците. Израелските преговарачи се вратија од Доха без напредок, а очекувањата за договор се ниски. Репутацијата на Израел на меѓународната сцена е во криза. Традиционалните сојузници како што се Велика Британија, Франција, Канада и Австралија сè повеќе ги осудуваат извештаите за глад во Газа.

Замир и неговите офицери се во тешка ситуација поради спротивставени политички одлуки и воени обврски. Тие неодамна се спротивставија на предлогот на министерот за одбрана Израел Кац за преместување на целото цивилно население на Газа во „хуманитарен град“.

Најнови вести од: Свет

Илјадници пожарникари во Австралија се борат со најлошите шумски пожари по „Црното лето“ од 2019-2020 година

Во Австралија повеќе од 130 објекти, вклучувајќи куќи, се уништени, а околу 38.000 домови и бизниси останаа без електрична енергија од пожарите, соопштија властите, додавајќи дека ова се најлошите пожари во државата од таканареченото „Црно лето“ од 2019-2020 година, кога шумските пожари уништија област со големина на Турција и убија 33 Австралијанци.

Челникот на швајцарскиот кантон гневен, поради изостанувањето инспекции во барот, во кој загинаа 40 луѓе

Челникот на швајцарскиот кантон каде што 40 млади луѓе загинаа во пожар во бар на новогодишната ноќ го изрази својот гнев поради тоа што локалните власти речиси шест години не извршиле никаков увид во објектот во кој се одигра трагедијата, додека обвинителите ги засилуваат своите напори да ги повикаат одговорните на одговорност. 

„Политико“: „Патриотите за Европа“ се закануваат дека ќе ги кренат во воздух ЕК и Лаен, но ќе им пропадне обидот да им изгласаат недоверба!

Претседателот на групата „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент лидерот на партијата Национално собирање на Франција Џордан Бардела го објави планот за предлог за изгласување недоверба на Урсула Лаен во четврток вечерта на општествената платформа икс. Неговата партија Националното собрание на Франција, се спротивставува на трговскиот договор меѓу ЕУ и јужноамериканскиот блок Меркосур, за кој се залагаше фон дер Лаен. Квалификувано мнозинство од земјите-членки на ЕУ во петокот го одобрија долгоочекуваниот трговски договор, на кој се спротивстави Франција. „Се надевам дека ќе го поднесеме [предлогот за недоверба] на гласање оваа јануарска седница.“ – изјави за „Политико“ висок функционер на групата „Патриоти за Европа“.

Водачот на најбројната бунтовничка група во Колумбија ФАРК повика на „обединување за борба против американска интервенција“

Водачот на најбројната бунтовничка група на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), Нестор Грегорио Вера, во видео порака, повика на обединување на сите герилци во оваа латиноамериканска земја со цел „борба против американската интервенција“. „Сенката на интервенционистичкиот орел се надвива подеднакво над сите. Судбината нè повикува да се обединиме. Ние не сме раштркани сили, ние сме следбеници на истата цел. Да го покажеме нашето единство со дела и да создадеме голем блок со кој ќе го истиснеме непријателот од нашата татковина“, им порача Грегорио Вера на членовите на Националната ослободителна армија (ELN) и Боливарската герилска армија, групи кои се отцепија од FARC.

Алис Вајдел, АФД: ЕУ и нејзината диктатура мора да бидат распуштени, Урсула Лаен не може да ја одредува судбината на Европа!

Алис Вајдел, претседателката на десничарската партија Алтернатива за Германија, им се обрати на граѓаните на Германија во видео-порака, во која го најави можното „излегување на Германија од Европската Унија“, ако оваа десничарска партија застане на кормилото на германската држава. Според анкетите спроведени од неколку истражувачки агенции од почетокот на јануари оваа година, германската партија AfD (Алтернатива за Германија) води со неколку процентни поени и е на врвот на германските партии, кои уживаат најголема доверба кај Германците.

Најнови вести

To top