Свет

Јахтата на најбогатиот човек во Русија помина низ Ормискиот Теснец

Јахтата „Nord“ долга 142 метри испловила од Дубаи и поминала низ теснецот ноќта на 25 април на пат кон Оман

 

Суперјахта во сопственост на санкционираниот руски милијардер Алексеј Мордашов помина низ Ормузскиот теснец и покрај ограничувањата за навигација што се во сила во стратешкиот премин, покажуваат податоците за следење на бродовите.

Преминувањето се случува во услови на зголемени тензии и поморска блокада во регионот, објавува „Киев Индепендент“.

Според „MarineTraffic“ и „Vesselfield“, јахтата „Nord“ од 142 метри испловила од Дубаи и поминала низ теснецот ноќта на 25 април на пат кон Оман.

Неколку други бродови, вклучувајќи два танкери под санкции од САД, пет товарни бродови и еден патнички ферибот, наводно поминале низ теснецот во истиот период.

Мордашов, мнозинскиот сопственик на фабриката за челик „Северстал“, е најбогатиот човек во Русија, според „Форбс“, со проценето богатство од 37 милијарди долари.

Тој е под санкции од САД, Обединетото Кралство и Европската Унија.

Јахтата на Мордашов е регистрирана во Русија откако беа воведени западни санкции.

Најнови вести од: Свет

Порака до 100.000 британски ветерани:  „Подгответе се за војна“

Министерот за одбрана, Вес Стритинг, претходно предупреди дека Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, заедно со своите партнери, мора „да биде подготвена да се бори и да победи“

Трамп најави нови царини за ЕУ плус 13 земји

Предложените царински стапки вклучуваат: Кина – 20% (со можност да се зголемат до 40%); Виетнам – до 35%; Индија – до 25%; Тајван – до 25%; Јужна Кореја – до 25%; Индонезија – до 25%; Малезија – до 25%; Тајланд – до 25%; Камбоџа – до 25%; и Европската Унија – до 20%.

To top