Свет

Канаѓанка ја тужи ЦИА, тврди дека била жртва на „тајни експерименти“

Лана Понтинг, која како тинејџерка поминала еден месец на лекување во Институтот „Алан Меморијал“ во Монтреал, Канада, тврди дека била жртва на тајни експерименти на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и поради тоа покрена тужба.

Лана Понтинг, која како тинејџерка поминала еден месец на лекување во Институтот „Алан Меморијал“ во Монтреал, Канада, тврди дека била жртва на тајни експерименти на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и поради тоа покрена тужба.

Понтинг раскажува дека во април 1958 година, на 16-годишна возраст, по судска наредба за „непослушно“ однесување, била сместена во поранешната психијатриска установа, каде што, без нејзино знаење, станала дел од илјадниците лица вклучени во строго доверливата програма на ЦИА за контрола на умот, пренесува Би-Би-Си.

Таа е еден од двајцата именувани тужители во колективната тужба поднесена од канадски жртви на овие експерименти и нагласува дека по приемот во болницата, несвесно учествувала во озлогласената операција МК-Ултра на ЦИА.

Најнови вести од: Свет

Иран се закани дека ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Блискиот Исток ако САД ги нападне електраните

Иран им дозволи на некои пријателски земји, вклучувајќи ги Кина, Индија, Пакистан, да обезбедат безбеден премин на своите бродови низ теснецот, но ефикасно го затвори за други со напаѓање бродови и наводно поставување мини.

Ирански ракетни напади врз јужен Израел, мртви, повредени, урнати објекти – Нетанјаху: Претрпевме многу тешка вечер! (Видео)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел поминал низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона. Има има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета. Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, а повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти. На неколку локации избувнале пожари. Во Димона има десетици повредени.

(Фото): Иран објави мапа на цели: „Напад врз нашата енергетска мрежа ќе го потоне регионот во темнина“

Предупредувањето е одговор на заканата на американскиот претседател дека ќе ги погоди иранските електрани доколку во рок од 48 часа целосно не се отвори Ормускиот Теснец. Постројките за десалинизација, кои Иран се заканува дека ќе ги нападне, се клучна инфраструктура за земјите во Персискиот Залив кои во голема мера се зависни од десалинизација – процес на претворање на морската вода во вода за пиење.

Трамп со закана кон Иран: Ако за 48 часа не го отворите Ормутскиот теснец, ќе ви ги уништиме електраните

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако државата брзо не го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален бродски сообраќај. Преминот на танкерите со нафта и гас беше парализиран пред три недели.

To top